Руска Амбасада: Гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија

02.10.2018 11:02

Две третини од македонските граѓани не ја поддржаа Преспанската спогодба, која е спротивна на македонскиот Устав и на меѓународното право, велат во руската Амбасада за неделното изјаснување.

Резултатот од референдумот во Македонија сведочи дека гласачите решиле да бојкотираат наметнати решенија, став на руското МНР и на руската Амбасада во земјава.

Две третини од македонските граѓани не ја поддржаа Преспанската спогодба, која е спротивна на македонскиот Устав и на меѓународното право, велат во руската Амбасада за неделното изјаснување.

Политичари од НАТО и од ЕУ грубо се мешаат во внатрешните работи на Македонија, велат во министерството на Руската Федерација.