Москва
Вучиќ на разговори со Путин за ситуацијата во Косово
02.10.2018 11:06
Вучиќ истакна дека состојбата во регионот е сложена и дека е потребно да се одмерува секој збор и политички потег.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, на, како што рече, еден од најзначајните состаноци. Вучиќ истакна дека состојбата во регионот е сложена и дека е потребно да се одмерува секој збор и политички потег.
Најави дека со Путин ќе разговараат за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот за да добие совети и за тоа како Русија да ѝ помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.
