Лондон

Меј: Приоритет на високо квалификувани мигранти

02.10.2018 11:31

Британската премиерка рече дека ќе воведе миграциски систем кој еднаш засекогаш ќе стави крај на слободното движење на европските граѓани во Обединетото Кралство.

По излезот од ЕУ, Велика Британија ќе им даде приоритет на високо квалификуваните мигранти, без разлика од која земја доаѓаат, изјави британската премиерка Тереза Меј.

Таа рече дека ќе воведе миграциски систем кој еднаш засекогаш ќе стави крај на слободното движење на европските граѓани во Обединетото Кралство.

Британската премиерка додаде дека новиот систем ќе овозможи да се намали бројот на ниско квалификувани доселеници и ќе ѝ помогне на Велика Британија да ја намали миграцијата.