Шест приговори за референдумот доставени до ДИК

02.10.2018 12:31

Приговорите се однесуваат на избирачки места во Виница и во Куманово, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето...

До Државната изборна комисија досега се доставени шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од референдумот.

Приговорите се однесуваат на избирачки места во Виница и во Куманово, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.

Рокот за поднесување на приговори истекува вечер во 22 часот.