Баздникин: Македонските гласачи не излегоа бидејќи се против одлука наметната однадвор
Според рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, долгорочното решение треба да се бара во рамките на уставно- правниот поредок на Македонија...

Најголем дел од македонските гласачи не излегоа на референдумот, бидејќи се против одлука наметната однадвор, вели рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Според него, долгорочното решение треба да се бара во рамките на уставно- правниот поредок на Македонија.
„Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, внимателно го следи процесот на решавање на овој проблем и нашата принципиелна позиција останува непроменета- долгорочното решение може да се најде само кај граѓаните, без наметнување надворешни фактори, строго во рамките на уставно-правниот поредок. Тоа мора да се базира на широка јавна поддршка и мора да биде врз основа на принципите и нормите содржани во повелбата на Обединетите нации“, изјави рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
