Почнува процесот на реформи во УБК
Приспособување на македонското со европското законодавство. Реформи во разузнавачката и контраразузнавачката заедница. Владата треба да избере еден од трите понудени модели, за професионална и департизирана тајна полиција...

Професионализација, деполитизација, работа и служба во интерес на народот и државата. Вака треба да изгледа реформирана Управа за безбедност и контраразузнавање. Понудени се три модели. Ресорниот министер Спасовски рече дека на владина седница ќе ги образложи причините за потребата од реформата, бидејќи безбедносно- разузувачкиот сектор бил најкритикуван од меѓународниот фактор.
Членството во ЕУ и во НАТО подразбира постоење на служби кои ќе бидат рамноправни со земјите- членки, а тоа ќе се постигне со реформата, тврдат надлежните. Во идниот период ќе следува консултативен процес со научната фела, невладиниот сектор и институциите.
За јакнење на довербата на граѓаните, министерот за внатрешни работи Спасовски потенцираше дека се залага за проверка на полициските кадри. Се изготвува правна рамка преку која ќе се утврдува дали покрај полициската служба, полицајците се и бизнисмени, дали имаат некои криминални дејанија, лажни дипломи или други работи.
За убиството на „Рузвелтова“, Спасовски рече дека се приведени неколкумина и се утврдуваат мотивите.
Наташа Гркова- Петрушевска
