Коѕијас: Референдумот не е услов за Договорот од Преспа
Грција, според Коѕијас, ги очекува уставните измени за да го ратификува Договорот од Преспа во почетокот на наредната година.

Според грчкиот шеф на дипломатијата, референдумот не е правен услов за договорот со Македонија. Грција, според Коѕијас, ги очекува уставните измени за да го ратификува Договорот од Преспа во почетокот на наредната година.
Договорот вели дека (референдумот) е избор на Владата на Скопје, но не е ниту услов, ниту предуслов, ниту правно барање за имплементирање на договорот, ова е од голема важност. Сега одиме на политичкиот дел. Голем процент е 37 -38 отсто? На прв поглед кога некој го гледа, ако не ги знае балканска политика и политиката на Скопје и нивната реалност, ќе каже дека е мал. И логично е. Но, ако знае колку гласови се овие 37-38 отсто и што се случи на претходните избори, тогаш ќе сфати одредени работи, рече Коѕијас споменувајќи колку гласови добиле премиерот Зоран Заев на изборите во 2016 година и претседателот Ѓорге Иванов на последните претседателски избори.
Министерот за надворешни работи на Грција, во синоќешното опширно интервју за Грчката државна телевизија објасни дека не се пречистени изборните списоци и дека ако гласале сите што имаат право на глас според реалното избирачко тело од еден до 1,2 милион гласачи, мнозинството од 50 отсто +1 ќе беше под 600.000, односно 540.000-550.000.
