ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството треба да се справи со криминалот

02.10.2018 13:29

Од опозициската партија велат дека криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата...

ВМРО-ДПМНЕ бара расчистување со криминалот, а за тоа е неопходна оставка на јавниот обвинител и негова замена со предлог од опозицијата. Очигледни се нерегуларности и за време на изјаснувањето на 30-ти септември.

„Референдумот заврши, во такви криминални услови, а Јовески не мрда со прст. Почитувани, сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но за тоа е потребен избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковси.

Од опозициската партија велат дека криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, повторно ќе ни се случуваат криминални избори. Тоа можеби се европски вредности за власта, но не и за Република Македонија- велат од ВМРО-ДПМНЕ.