Над 1.200 жртви во земјотресот во Индонезија

02.10.2018 13:37

Портпаролот на националната агенција за справување со катастрофи, изјави дека 799 луѓе се сериозно повредени, и додаде дека се очекува бројот на жртвите да биде поголем.

Во силниот земјотрес и цунамито што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица. Портпаролот на националната агенција за справување со катастрофи, изјави дека 799 луѓе се сериозно повредени, и додаде дека се очекува бројот на жртвите да биде поголем.

Во близина на источниот индонезиски остров Сумба, денеска биле регистрирани два земјотреса на ниска длабочина, но опасност од цунами не е објавена. Новите земјотреси беа регистрирани на 1.600 километри јужно од погодената област.