СДСМ: На референдумот изразена волјата на граѓаните

02.10.2018 13:42

Од партијата не ја ислучуваат можноста за предвремени парламентарни избори.

Волјата на граѓаните на референдумот беше јасно изразена, ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски тоа не можат да го променат, велат од СДСМ. Од партијата не ја ислучуваат можноста за предвремени парламентарни избори.

„Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите за конечно членство во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов Јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски.