Турција: Апсење на 417 лица за праќање пари во странство
02.10.2018 14:13
Турските медиуми јавуваат дека на осомничените им било наредено да испратат пари на 28.088 сметки што им припаѓаат на Иранци во САД.

Турските власти наредија апсење на 417 лица осомничени за испраќање 2,5 милијарди лири, или 419 милиони долари, на банкарски сметки во странство. Апсењата се извршени во рамки на истрага од страна на финансиската полиција.
Турските медиуми јавуваат дека на осомничените им било наредено да испратат пари на 28.088 сметки што им припаѓаат на Иранци во САД. Засега не е познато кој испратил порака до осомничените да испратат пари.
