Костадинов и Стоилковски ги вкрстија копјата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Одржувањето на прес-конференции пред партиските штабови, овојпат пред палатата „Христо Татарчев“, предизвика вкрстување на аргументите меѓу пратеникот од СДСМ, Костадинов и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски. Дебата на отворен простор за успешноста на референдумот...

Пратеник од СДСМ и портпарол на ВМРО- ДПМНЕ ги вкрстија копјата пред седиштето на опозициската партија. Ги спротивставија аргументите дали одржаниот референдум бил успешен или не. Додека Костадинов од Социјадемократскиот сојуз на Македонија држеше прес- конференција, пристигна Стоилковски. Првиот со став дека над 600.000 гласачи се потврда за легитимитетот на референдумот, вториот посочи на неисполнетиот услов 50% + 1 гласач.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека референдумот не бил успешен и со тоа не може да има правни последици од Договорот, кој според нив пропаднал. Опозицијата побара нов Јавен обвинител.
За СДСМ, ваквите барања се потврда дека опозицијата е заинтересирана само за амнестија на предходното раководство на партијата.
Костадинов рече дека техничка влада според договорот од Пржино е неприфатлива за СДСМ, бидејќи не може да се запазат роковите.
Марина Стојанова- Тонева
