Окрупнување на земјоделските парцели
Во пет македонски села ќе се испитува можноста за консолидација на земјоделското земјиште со проектот на Европската унија и на Светската организација за храна. Експертите ќе се сретнат со земјоделците од овие места со цел да се процени нивната подготвеноста за окрупнување на земјиштето.

Во пет области почнува спроведување на првата фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште. Се работи за селата Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари.
Експертите ќе работат директно со земјоделците и локалните самоуправи за утврдување на подготвеноста на сопствениците на земјиштето да се вклучат во процесот на окрупнување на малите парцели, во идентификувањето на нивните потреби, како и проверка на можноста за успешна консолидација.
Проектот има за цел решавање на проблемите со малите и расфрлани површини на зелјоделците за кои нема голема економска оправданост во процесот на производството.
Селата се избрани според големината и расцепканоста на земјиштето, присуство на повеќе годишни култури и градежни објекти и интересот на земјоделците да се вклучат во процесот . Буџетот на проектот изнесува 2,5 милиони евра и се обезбедени од претпристапните фондови на Европската Унија.
Методија Трајков
