Саем за градежништво и недвижности

Влезот во НАТО ќе ја зголеми цената на становите

24.10.2018 14:30

Раст на цените за околу 20 проценти очекува Градежната комора со влезот на Македонија во НАТО. Оттаму велат дека годинава е намалена изградбата поради ревидирањето или стопирањето на дел од деталните урбанистички планови. Според бизнисмените, побарувачката на станови е стабилна. Изградбата на нови станови ќе продолжи. И годинава големи попусти на „Технома“.

Раст на цените на станбениот квадрат за околу 20 проценти очекува градежната комора со влезот на Македонија во НАТО. Од таму велат дека годинава поради ревидирањето или стопирањето на дел од деталните урбанистички планови намалена е реализацијата на градежни активности. Тврдат во државава се градат квалитетни и енергетско ефикасни станови.

Според бизнисмените, стабилни се побарувачката и цените на становите. Според статистиката, лани биле изградени над 2.000 станови, најголем дел во скопскиот регион. Градежниците најавуваат нови инвестиции и изградба на нови станови. Велат дека голем проблем е работната сила.

Инвестициите во нови технологии го прават бизнисот конкурентен. Од министерството за поддршка на инвестициската клима велат дека подобрувањето на деловното опкружување е можност компаниите да растат.

Големи попусти и годинава се нудат на Саемот за градежништво и на Технома.

 

Дијана Ценевска