Сахити: Евентуалната амнестија би била политичка одлука
Судскиот совет да биде полупрофесионален- со новото законско решение да се контрОлираат членовите. Судиите очекуваат истражувањето на Центарот за правни истражувања да ги покаже сите слабости. Евентуалната амнестија би била политичка одлука- вели првиот човек на Здружението на судии, Сахити...

Судиите очекуваат истражувањето да ги покаже сите слабости во судскиот систем, особено на функционирањето на Судскиот совет. Првиот човек на Здружението,0 Џемали Сахити вели дека ставот им останува ист за предлогот Судскиот совет да биде полупрофесионален. Новото законско решение трба да опфати измени за оценувањето на судиите и контролата на членовите на Судскиот совет.
Евентуалната амнестија би била политичка одлука, но судовите ќе продолжат да судат според динамиката, вели Сахити.
Со ова прво националното мерење на перформансите на правосудството се очекува да бидат добиени податоци од нотари, извршители и адвокати со што не располага актуелниот Судски совет, вели Јовановски од Центарот за правни истражувања.
За прв пат во Македонија ќе се овозможи системско оценување на реформите врз основа на мерливи и јасни критериуми што ќе биде индикација дали се движиме во правилна и посакувана насока, а ќе бидат опфатени 7.000 испитаници.
Целта на истражувањето е да воспостави метод кој ќе го поддржи македонскиот правосуден систем во насока на зголемување на неговата независност, ефективност и доверба на јавноста во него.
Фиљана Кока
