Церар: Почетокот на уставните промени- историски чекор кон евроатлантските интеграции
Македонија треба да ги почне пристапните преговори со Европската унија уште оваа година- вели словенечкиот шеф на дипломатијата, кој е во официјална посета на Македонија. По разговорите со министерот за надворешни работи Димитров, Церар оцени- почетокот на уставните промени е историски чекор кон евроатлантските интеграции...

Почнувањето на уставните промени во Собранието е историски важен чекор кон евроатлантските интеграции на Македонија, заедничка оценка на шефовите на дипломатиите на Словенија и на Македонија. Церар рече дека иако консултативниот референдум не го исполни потребниот одѕив, во Словенија оценуваат дека мнозинството граѓани во Македонија се изјасниле за прием во НАТО и во Европската унија.
Словенија смета дека Македонија треба да ги почне пристапните разговори со ЕУ уште оваа година. Од идната година ќе биде и контакт за интеграцијата во НАТО.
Словенија и Македонија имаат добра економска соработка што може да се подобри, оценуваат шефовите на дипломатииите. Во Скопје, нов објект на словенечката амбасада.
Ирина Гелевска
