Продолжува изградбата на хидросистемот Лисиче и програмата за Јужната вардарска долина
Продолжува изградбата на програмата Јужно вардарска долина и хидросистемот Лисиче. Обезбедени се 20 милиони евра со кои Министерството за земјоделство ќе ги продолжи следните фази во градабата на овие капитални објекти.

Со пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, во износ од скоро 20 милиони евра, Министерството за земјоделство ќе продолжи со реализацијата на 2-та и 3-та фаза на хидросистемот Лисиче и 3-та фаза на Програмата за наводнување на Јужната вардарска долина.
Овие два проекти се особено важни за наводнувањето на површините во Велешкиот и во Валандовскиот регион.
Хидросистемот Лисиче ќе обезбедува и вода за пиење за градот Велес и вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, техничка вода за потребите на индустријата како и дополнување на акумулацијата „Младост“ во близината на градот.
Програмата за наводнување на Јужната долина на реката Вардар во 3-тата фаза, го опфаќа регионот, односно наводнувањето и дистрибуцијата на водата во Валандовското поле од пумпната станица Страиште преку Валандово до населените места Раброво и Честево. Површината опфатена со овој систем изнесува скоро 1.750 хектари.
Методија Трајков
