Судство

Во Кривичен рочишта за „27 април“, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“

25.10.2018 11:10

За случајот „27-ми април“ се обвинети 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок. На претходното рочиште беа прикажани снимките од видео камерите на Стопанска банка, од Собранието и од телевизиите.

Во Кривичниот суд треба да се одржат четири рочишта- за настаните во собранието на 27-ми април, „Тарифа“, „Т.Н.Т“ и „Титаник 3“.

За случајот „27-ми април“ се обвинети 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок. На претходното рочиште беа прикажани снимките од видео камерите на Стопанска банка, од Собранието и од телевизиите.

На обвинителна клупа ќе седнат и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две лица обвинети во случајот „Тарифа“ за противзаконска набавка на софтверски систем за Електрани на Македонија.

За предметот „Титаник 3“ во кое се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“ треба да бидат сослушани останатите предложени сведоци.

Во судот за денеска е закажао рочиште и за предметот „Т.Н.Т“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. За предметот „Т.Н.Т“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.