Курц: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан
Според Курц, долгорочната стабилност и безбедност на регионот и на ЕУ може да бидат обезбедени само ако Западниот Балкан стане дел од Унијата.

Европската унија ќе биде комплетна дури кога државите од Западниот Балкан ќе станат членки на Унијата, изјави актуелниот претседавач и австриски канцелар Себастијан Курц на конференција во Будва.
„ЕУ перспективата за Западен Балкан изгледа подобро од кога било. Земјите од регионот се на добар пат кон ЕУ. И честитам на Македонија за историската одлука да продолжи со имплементација на Преспанскиот договор, со што испрати сигнал на охрабрување не само за неа, туку и за целиот регион“, истакнал Курц на конференцијата „Балканот и ЕУ- петгодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будвa.
Според Курц, долгорочната стабилност и безбедност на регионот и на ЕУ може да бидат обезбедени само ако Западниот Балкан стане дел од Унијата.
