„Сириза“: Обезбедено мнозинство за Договорот од Преспа во грчкиот Парламент
Во однос на тоа кога договорот би бил на дневен ред во грчкиот Парламент, Скурлетис вели дека точниот временски период ќе се одреди во зависност од тоа кога ќе бидат завршени предвидените обврски.

Владеачката партија во Грција „Сириза“ смета дека има обезбедено мнозинство за Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
„Грчкиот Парламент го има потребното мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа. Сѐ води кон постоење на мнозинство во Парламентот и за одобрување на Договорот од Преспа и да нема закана по довербата на Владата на премиерот Ципрас“, изјавил генералниот секретар на „Сириза“ и поранешен министер, Панос Скурлетис во интервју за грчка телевизија.
Во однос на тоа кога договорот би бил на дневен ред во грчкиот Парламент, Скурлетис вели дека точниот временски период ќе се одреди во зависност од тоа кога ќе бидат завршени предвидените обврски.
Генералниот секретар на владеачката СИРИЗА, смета дека и покрај несогласувањата изразени од коалицискио партнер во владата, Панос Каменос, сепак, Владата ќе го надмине овој проблем.
