Обвинителката Рускоска ги отфрла забелешките на одбраната за снимките

25.10.2018 13:35

Рускоска рече дека Јавното обвинителство не е кинотека за да изготвува снимен материјал, а на одбраната ѝ било овозможено да ги прегледа снимките.

Со презентирање на видео снимки од насилниот упад во Собранието, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27-ми април минатата година.

Претходно, обвинителката Вилма Рускоска одговори на приговорите на одбраната од минатото рочиште, кои се пожалија дека Обвинителството не им дало копии од снимките што ги користи како доказ.

Рускоска рече дека Јавното обвинителство не е кинотека за да изготвува снимен материјал, а на одбраната ѝ било овозможено да ги прегледа снимките.

Во овој процес се обвинети 33-ца од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, и двајца за поттикнување.