Реформи во јавната администрација

Со реорганизација на институциите до подобри услуги за граѓаните

25.10.2018 13:47

Со реформа на администрацијата и поголема контрола на институциите до воведување ред на шалтерите. Министерот Манчевски најави реорганизација и нови обврски во јавниот сектор. Во дел од новините, и укинување на институции и намалување на бројот на управни одбори...

Преку реорганизација на институциите до ред во административниот хаос и подобри услуги за граѓаните. Министерот Манчевски најави реформи во јавниот сектор. Дел од новините- можно укинување на институции, намалување на бројот на управни одбори.

Од ресорот тврдат целта не е да се отпуштаат вработени, туку со направените анализи да се оцени поставеноста на институциите и нивната меѓусебна поврзаност, внатрешна организација, систематизацијата на работни места.

Токму предизвиците во јавната администрација беа тема на конференцијата организирана во Скопје. Говорниците со заклучок дека има напредок, но реформите се сложен процес кој не може да се случи преку ноќ. Голем дел од балканските земји веќе го ставија фокусот на дигитализацијата.

Конференцијата е организирана од Центарот за државни служби во Астана, во кој членуваат 40 земји. Центарот им нуди поддршка на земјите во нивните напори за да ги подобрат услугите на јавната администрација.

 

Викторија Милевска