Руска Воена морнарица: нема руски војници на аеродромот „Белбек“

28.02.2014 11:54

Единици на Црноморската флота не се упатени кон реонот на Бeлбек и тие воопшто не учествуваа во неговата блокада, се наведува во соопштението на прес-службата на Црноморската флота на руската Воена морнарица, која е стационирана во база крај Севастопољ.

Флотата информира само дека презела засилени безбедносни мерки околу базата и домовите на нејзините офицери.

- Поради нестабилната сосотјба околу реонот во кој се наоѓа Црноморската флота на Крим и местата каде што живеаат воените лица и нивните семејства, обезбедувањето е зајакнато со единици од составот на Црноморската флота, се додава во соооштението.

Аваков утрово информира дека руски војници опремени со шлемови и панцири, во придружба на оклопни возила, го блокирале аеродромот „Белбек“, што се наоѓа во близина на базата на руската Црноморска флота.

Руското Министерство за надворешни работи, претходно, одби да ги коментира ваквите тврдења на Аваков.