Енергетика

До 3-ти декември аплицирање за универзален снабдувач

25.10.2018 14:18

Компаниите снабдувачи на електрична енергија до 3-ти декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач. Во моментов се активни осум. Според Регулаторна, ако никој не аплицира ќе се објави уште еден тендер или ќе се пристапи кон консултации со одредени снабдувачи...

До 3-ти декември компаниите снабдувачи со електрична енергија ќе може да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач. Регулаторната комисија за енергетика ги разгледува правилата за балансирање. Од Комисијата велат- до назначување на новиот снабдувач обврската за достава ќе ја врши ЕВН. Според Регулаторна, доколку никој не се пријави на огласот ќе се распише нов тендер, или ќе има консултација со снабдувачите.

Во моментов се активни осум снабдувачи со електрична енергија кои продаваат на потрошувачи, а се издадени над 20 лиценци за снабдување со електрична енергија. Од МЕПСО велат дека од воведувањето на новите правила, граѓаните ќе имаат најголем бенефит.

Од март следната година, граѓаните сами ќе решаваат од кој снабдувач ќе купуваат електрична енергија. Според Законот, првите години 80 насто од произведената електрична енергија од домашно производство од ЕЛЕМ ќе биде достапно за домаќинствата за да бидат заштитени од ценовни шокови. Компаниите ќе треба сами да ги вкалкулираат трошоците, а непродуктивните нема да се признаваат.

 

Дијана Ценевска