Телефонски разговор

Заев- Столтенберг: Пратениците донесоа голема и важна одлука

25.10.2018 14:42

Како што информираат од владината прес- служба, генералниот секретар на НАТО ја поздравил храбрата, голема и државничка одлука на пратениците и му пренел на премиерот дека во aлијансата се среќни што Република Македонија продолжува напред.

Телефонски разговор Заев- Столтенберг. Како што информираат од владината прес- служба, генералниот секретар на НАТО ја поздравил храбрата, голема и државничка одлука на пратениците и му пренел на премиерот дека во aлијансата се среќни што Република Македонија продолжува напред.

Истовремено, честитал за успешно завршените пристапни разговори за членство во Aлијансата на 18-ти и 19-ти октомври во Брисел и порачал дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.

Шефот на македонската Влада се заблагодарил и се согласил дека пратениците ги надминале партиските разлики за добро на државата и донеле голема и важна одлука.

„Одлуката во Собранието е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред и охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството кое ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа“, рекол Заев, соопшти Владата.