Метео: Студени утра, дневните температури во пораст

25.10.2018 16:05

Во текот на утрешниот ден максималната дневна ќе достигне до 23, а во сабота до 25 степени.

Утре и за време на викендот во Македонија се очекува сончево стабилно и потопло време со умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Утрата ќе бидат постудени, а дневните теператури ќе бележат постепен пораст.

Во текот на утрешниот ден максималната дневна ќе достигне до 23, а во сабота до 25 степени. Ново зголемување на облачноста со повремен локален дожд се очекува во почетокот од следната седмица.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска