Ресенски јаболка во Дубаи
28.02.2014 11:55
Откупно дистрибутивниот центар е инвестиција на компанијата „Apple Land“ од Дубаи...

Со поставување камен темелник, денеска ќе стартува изградбата на откупно- дистрибутивниот центар во местото Макази, Ресен.
Откупно дистрибутивниот центар е инвестиција на компанијата „Apple Land“ од Дубаи, а на поставувањето на камен- темелникот ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Во ноември минатата година, компанијата основана од инвеститор од Дубаи беше најповолен понудувач на електронското јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во општина Ресен.
Станува збор за градежна парцела со површина од 61.433 метри квадратни, при што е достигната вкупна цена од 4.361.743 денари или 71 денари за метар квадратен.
