Сушата проблем за земјоделците
Есенските временски услови се непогодни за земјоделците. Релативно високите температури без врнежи ја доведуваат во прашање и сеидбата на житните култури. Најавените повремени локални врнежи можат само малку да помогнат. Добрата работа е што оптималните рокови сѐ уште течат и има време до крајот на сеидбата.

Последните дождови не ја подобрија состојбата со есенската сеидба. Првиот есенски мраз годинава стигна подоцна, се појави на крајот од минатата недела, но не успеа да предизвика поголеми штети, особено во овоштарството каде што бербата трае, односно кај јаболката кои се отпорни на ваквите температури.
Додека есенската сеидба е во тек недостигот на влага во почвата и натаму се чувствува. Количествта не се доволни, ни за сеење, ни за успешно поникнување.
Дополнителен проблем претставуваат и надпросечните температури на во октомври со повеќе од 25 степени што уште повеќе ги исушија нивите.
Сепак време за сеидба има и кога има услови земјоделците да влезат во нивите со механизацијата, треба да ги искористат, а поникнувањето ќе се случи веднаш по првите врнежи, вели Ангелко Ангелески агрометеоролог од управата за хидрометеоролошки работи.
Методија Трајков
