Комисиска расправа за ребалансот на буџетот
Почнува разгледувањето на предложениот ребаланс на буџетот за 2018-та во матичната собраниска комисија...

Владиниот предлог за ребаланс на буџетот за 2018-та ќе почне денеска да се разгледува во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Ресорниот министер Драган Тевдовски ќе презентира државна каса чии приходна и расходна страна се намалени за по половина процент.
Расходите се намалуваат за 1,2 милијарди денари. Најмногу се крати кај капиталните инвестиции кај кои има забавена динамика. За Фондот за здравство, ПИОМ и за Агенцијата за вработување се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијари денари, а кон локалните власти се насочуваат 3 милијарди денари за да се справат со старите долгови.
Со ребалансот се предвидува стапка на раст на БДП од 2,8 насто во 2018-та, а буџетскиот дефицит останува непроменет 2,7%.
