Собрание

Почна расправата за ребалансот на државната каса

29.10.2018 13:13

Со ребалансот се врши минимална корекција на приходите и расходите во државната каса- вели министерот за финансии Тевдовски. Економски раст на БДП од 2,8 насто, буџесткиот дефицит останува 2,7 насто. Почна распрвата за ребалансот на буџетот во матичната комисија. За опозицијата корекциите се нереални и неостварливи...

Во матичната Комисија за финансирање и буџет почна расправата за ребалансот на буџетот за тековната година. Според министерот Тевдовски, се врши минимална корекција на приходната и расходната страна и се обезбедуваат дополнителни средства за подршка на општините, Фондот за пензиско и за здравствено осигурвање. Економски раст на БДП од 2,8 насто, буџесткиот дефицит останува 2,7 насто.

„Реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни 763 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства во износ од 451 милиони денари на Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност. Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити. На ваков начин со Ребалансот се создаде фискален простор за зајакнување на фискалниот капацитет на општините“, нагласи во експозето министерот за финансии, Драган Тевдовски.

За опозицијата корекциите се нереални и неостварливи