Собрание на РМ
Формирана нова пратеничка група
29.10.2018 13:15
Координатор на оваа пратеничка група ќе биде пратеничката Елизабета Канческа- Милевска.

На редовната координативна средба, престедателот на Собранието, Џафери ги информирал координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието дека е формирана нова независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со осумтемина пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон уставни измени.
Координатор на оваа пратеничка група ќе биде пратеничката Елизабета Канческа- Милевска.
Оваа пратеничка група се очекува денеска да има разговори со своите колеги од СДСМ во врска со нацрт- уставните амандмани, во согласност со нивните четири барања доставени прд гласањето за уставните измени
