Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Во кривичниот суд продлжи судењето за 27-ми април. Се разгледуваат снимките од собраниските простории, од камерата поставена во холот кој води до прес- центраот. Обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Во судницата се присутни сите 33 обвинети. Прво беше пуштена снимка од Камера 10 во Собранието, што ги покажува случувањата во малиот ходник кој води од холот до собранискиот прес- центар.
На претходното рочиште, на 25-ти октомври, беа прегледувани снимки од надзорните камери пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранито Трајко Вељаноски и од други места во Собранието.
