Нема повредени припадници на АРМ во запалениот автобус
Инцидентот се случи во 6 часот и 10 минути на излезот од Пробиштип. Веднаш штом се почувствувал чад, припадниците на АРМ го напуштиле автобусот.

Автобус со припадници на АРМ кој сообраќал на пат од Пробиштип до касарната „Илинден“ во Скопје се запалил, но нема повредени. Инцидентот се случи во 6 часот и 10 минути на излезот од Пробиштип. Веднаш штом се почувствувал чад, припадниците на АРМ го напуштиле автобусот.
Од Министерството за одбрана соопштија дека со запалениот автобус се превезувале припадници на АРМ од Пробиштип, Кратово и Куманово кон своите работни места во Скопје.
Фирмата која има склучено договор со министерството за превоз на војниците по инцидентот испратила друг автобус и сите патници пристигнале на своите работни места со мало задоцнување.
Од одбрана велат дека автобусот што се запалил бил марка „марбус“ произведен во 2007-та и бил носен на сервис во текот на викендот и ги исполнувал сите технички усвови и стандардот Еуро 4.
Припадници на Воената полиција и стручни лица извршиле увид за да ги утврдат причините за пожарот. Од Министерството за одбрана побарале од фирмата превозник да изврши анализа на случајот со цел да не се повтори ваков инцидент.
