Метео: Променливо облачно и ветровито време

29.10.2018 13:41

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе услови транспорт на прав од Африка и можна појава на обоен дожд.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно и ветровито време. Во попладневните часови ќе има услови за локални врнежи од дожд кои што на места особено во западните подрачја ќе имаат пороен карактер и услови за појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе услови транспорт на прав од Африка и можна појава на обоен дожд.

Од среда се очекува уште поизразено затоплување на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска