Бизнис

Стопанската комора бара да се применува европската директива за увоз на ИТ- опрема

29.10.2018 15:00

Групацијата на провајдери при Стопанската комора бара почитување и примена на европската директива при увозот на ИТ- опрема која може да се увезува само за лична потреба. Во моментов ваква опрема увезува и приватниот сектор и институциите. Покрај скриените трошоци, апелираат дека има негативно дејство на здравјето на вработените...

Речиси 80 проценти од ИКТ опремата што се увезува е стара над 10 години, велат од Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора. Бараат да се регулира увозот според европската директива, која предвидува увоз само залични потреби.

Во моментов, најголеми корисници се и приватниот и државниот сектор, каде се загрозува здравјето на вработените, а Македонија сѐ повеќе сепретвора во отпад за опрема од информатичките технологии, велат од групацијата.

Според потпретседателот на Групацијата, старата опрема е поевтина, но бенефитите се краткокрајни, за солидни ИТ решенија на компаниите им е потребен современ софтвер и стандардизиран хардвер.

Од Групацијата на провајдери посочуваат дека според податоците, најмногу стара ИКТ опрема се увезува од европските земји.

 

Дијана Ценевска