Потпишан меморандум за соработка за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот
Потпишан меморандум за соработка за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот. Надлежните велат дека целта е да се засили соработката, како на локално, така и на регионално ниво...

Целта е преку мрежно покривање на поголем број општини да се намали глобалната опасност од тероризам на кои ниедна држава не е имуна. Соработка, кординацијата, размената на информации и практики се од клучно значење.
„Насилниот ексремизам не треба да се идентификува со етничките групи. Ниедна држава не може сама да се брани од оваа глобална закана“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Градењето на институционалните мрежи за отпорност на локалните заедници од насилен тероризам е помогнато од амбасадите на Холандија и Британија.
„Пораката е едноставна, нашите заедници се силни, онолку колку што финансираме во нив. Потребно е поголема поддршка на образовните и безбедносните институции“, вели британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.
„Немаме брзи решенија. Потребно е време. Само преку сеопфатен пристап на размена на информации можеме да постигнеме напредок“, рече заменик- амбасадорот на Холандија, Андри Ван Менс.
На микро ниво треба да се делува преку подигање на јавната свест, но и преку зајакнување на довербата меѓу граѓаните од различна верска и етничка припадност, како и спрема институциите.
Со членството во НАТО и ЕУ, Македонија ќе стане дел глобалниот систем за заштита и одбрана од насилниот екстремизам.
Марина Стојанова- Тонева
