Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните области
Општина Новаци со тројца грчки партнери од програмата за меѓугранична соработка „Интерект“, ќе се обиде да искористи дел од агро- отпадот за загревање на градинката. За експертите, проектот што ќе се имплементира две години во три фази преку изработената физилибити студија, треба да ги посочи и вистинските потенцијали на агро-отпад на овој регион...

Земјоделските остатоци претставуваат значаен товар на зелени отпадоци. Нивното неискористување и слабо менаџирање придонесува за суровото еколошко влијание, велат претставниците на општините вклучени во проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните области“, во рамките на програмата „Интерект“ за меѓугранична соработка.
Во следните две години проектот ќе се имплементира во три фази. Во општина Новаци треба да се загрева градинката, а од другата страна на границата, едно училиште.
Главната цел на проектот е да се основа еден снабдувачки синџир на зелен отпад. Нема сомнение дека еден од најголемите земјоделски бастиони има потенцијали. Експертите велат дека се има некои сознанија, но точните податоци ќе ги даде физилибити студијата.
Со искористувањето на ваквите потенцијали, бенефитот е голем и од економски и од еколошки аспект. Кога е во прашање искористувањето на биомасата во општина Новаци, најдобра практика е капацитетот на ЗК Пелагонија.
Стевче Митревски
