Почна пријавувањето за субвенции за сливи
Почна пријавувањето за дополнителните субвенции за откупените сливи од годенешниот род. На огласот кој ќе трае до 25-ти декември, треба да се пријавуваат фирмите и откупувачите. Финансиската поддршка изнесува 2 денари за килограм.

Фирмите и откупувачите на сливи можат да поднесуваат барања за добивање на субвенции за откупените количества од годинешниот род.
Финансиската поддршка се исплаќа за производството кое е откупено во период од 15 август до 15 септември, а исплатата е завршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари за килограм. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.
Корисниците треба да се правни лица регистрирани за преработка или за вршење на трговија со земјоделски производи и да се запишани во Регистарот на откупувачи.
Субвенцијата следува за родот од 2018-та година купен со договор склучен со земјоделските стопанства.
Во прилог на барањето освен договорот треба да се доставии долаз за откупени сливи и за извршена исплата.
Огласот ќе трае до 25- ти декември годинава.
Методија Трајков
