Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносните камери во Собранието. Ова е второ рочиште за случајот неделава, а нови рочишта се закажани за секој ден до крајот на неделата.

Во Кривичниот суд продолжува судењето за настаните во Собранието на 27-ми април минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносните камери во Собранието. Ова е второ рочиште за случајот неделава, а нови рочишта се закажани за секој ден до крајот на неделата.
На минатото рочиште беше прегледана само една снимка од собраниска камера број 10 и тоа само до половина, бидејќи рочиштето не продолжи по паузата поради собраниски обврски на пратениците Сашо Василевски, Васил Арнаудов и Крсто Мукоски.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
