Светски ден на штедењето
30.10.2018 11:47
Граѓаните да не ги чуваат заштедите дома, туку да ги вложат во банка. На тој начин ќе го поттикнат кредитирањето, инвестициите и растот на економијата, порака од банкарското здружение.

Македонската банкарска асоцијација го одбележува Светскиот ден на штедењето- 31 октомври. Граѓаните да не ги чуваат заштедите дома, туку да ги вложат во банка. На тој начин ќе го поттикнат кредитирањето, инвестициите и растот на економијата, порака од банкарското здружение.
Надлежните велат дека секторот е стабилен и сигурен, а заштедите се основниот извор за кредитирање на населението и фирмите.
Македонските граѓани најголем дел од парите ги чуваат во денари. Се штеди и во во странски валути- најзастапено е еврото.
