Индонезија: Спасувачките тимови трагаат по тела

30.10.2018 11:49

Десетици нуркачи ја пребаруваат областа, а властите соопштија дека сите 189 патници и членови на екипажот загинале.

По страшната авионска несреќа во која Боинг 737 се урна во морето во близина на индонезискиот брег, спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по тела и остатоци од авионот.

Десетици нуркачи ја пребаруваат областа, а властите соопштија дека сите 189 патници и членови на екипажот загинале.

Несреќата се случила неколку минути по полетувањето кога пилотот пријавил проблем со леталото и побарал да се врати на аеродромот во Џакарта, пред авионот нагло да се урне во морето.

Боингот 737 Макс бил нов авион и бил во употреба само два месеца.