ОЈО отвори предистражна постапка против претседателот Иванов
30.10.2018 12:10
Основното јавно обвинителство поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот...

Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, скопското Јавно обвинителство постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите, потврдија за МТВ од Обвинителството.
Со таа цел, веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, за тоа кога се донесени одлуките во Законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот.
