Поплави во Венеција, има загинати
Венеција вообичаено се поплавува кога силните ветрови ја туркаат водата од лагуната. Градоначалникот Луиџи Бруњаро соопшти дека подводни бариери во лагуната можат да го спречат ова, но дека проектот се одложува веќе долго време поради високи трошоци и корупциски скандали.

Бранот лошо време со поплави што во неделата ја зафати Италија однесе најмалку шест животи. Многу училишта се затворени во Венеција, каде што нивото на водата достигна рекордно ниво.
Венеција вообичаено се поплавува кога силните ветрови ја туркаат водата од лагуната. Градоначалникот Луиџи Бруњаро соопшти дека подводни бариери во лагуната можат да го спречат ова, но дека проектот се одложува веќе долго време поради високи трошоци и корупциски скандали.
Поради поплавите е запрен водниот такси сообраќај, а функционираат само врските со периферните острови.
