Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

30.10.2018 12:54

Потресот го почувствувале илјадници луѓе, но нема информации за жртви, ниту за посериозна материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтер го погоди северниот остров на Нов Зеланд. Потресот го почувствувале илјадници луѓе, но нема информации за жртви, ниту за посериозна материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри источно од Њу Плимот, на длабочина од 228 километри.