Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
30.10.2018 13:15
Причина- не се согласува со политиките на раководството на опозициската партија...

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ, Даниела Рангелова си поднесе оставка од функцијата. Причина- не се согласува со политиките на раководството на опозициската партија.
Рангелова на социјалната мрежа „Фејсбук“ наведе дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја однело партијата во изолација, продуцирало кавги и дополнително го поделило македонското национално ткиво.
Рангелова е пратеник во македонското Собрание и вели оти ќе остане дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа во законодавниот дом не даде зелено светло за уставни измени, согласно Договорот од Преспа.
