Русија планира да тестира проектили во меѓународните води на норвешкото крајбрежје
Од компанијата „Авинор“ која управува со норвешките аеродроми и воздухопловните навигациски системи, изјавија дека Русија ја известила фирмата за можните опасности во воздушните линии, потенцирајќи дека нема ништо драматично со тестирањето.

Руската воена морнарица планира да тестира проектили во меѓународните води на норвешкото крајбрежје, истовремено кога се одржува воената вежба на НАТО, најголема по Студената војна.
Од компанијата „Авинор“ која управува со норвешките аеродроми и воздухопловните навигациски системи, изјавија дека Русија ја известила фирмата за можните опасности во воздушните линии, потенцирајќи дека нема ништо драматично со тестирањето.
Во вежбите на НАТО познати како „Спој на трозабецот“ учествуваат 50 илјади војници, 10 илјади воени возила и над 300 авиони и бродови.
