Поддршка за младите кадри

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 стипендии за студенти од Фармацевтскиот и од Медицинскиот факултет

30.10.2018 14:05

Доделени 40 стипендии на 12 студенти нa Фармацевтскиот и на 28 од Медицинскиот факултет. Фондацијата „Трајче Мукаетов“ 11-та година по ред ги поддржува младите и амбициозни кадри што решиле да градат кариера во здравството и фармацијата...

Доделени 40 стипендии на 12 студенти нa фармацевтскиот и на 28 студенти на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фондацијата „Трајче Мукаетов“ 11 година по ред ги поддржува младите и амбициозни кадри кои решиле да градат кариера во здравството и фармацијата.

Еднократната парична награда на првенците на генерациите во износ од 120.000 денари им е доделена на Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,78 и на Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет, со просек 9,83.

Фондацијата најави дека ќе продолжи да ги стипендира амбициозните и талентирани идни лекари и фармацевти.

 

Александра Спировска