Тенис
Гурманско ½ финале
28.02.2014 12:28
Тенскиот турнир во Дубаи нуди ½ финале за сите уживачи во оваа игра, Ѓоковиќ-Федерер. Можеби не е на рамништето швајцарецот како порано, но секогаш класика од ваков тип привлекува внимание.

Ѓоковиќ до претпоследниот меч на турнирот дојде без борба, бидејќи неговиот ¼ финален противник Јужни го предаде мечот поради болест, додека Федерер во 4-ката влезе преку Росола.
Ова е нивен терен дефинитивно, ако се има в предвид дека од 11 трофеи, 9 си ги имаат поделено. Федерер има 4 пехари од Емиратите, но затоа последните пет, се подигнати од србинот.
32-та меѓусебна пресметка на овие две тениски величини, носи досега 16 победи за Роже, 15 за Новак.
Во второто ½ финале место за последен меч во Дубаи ќе бркаат, Томаш Бердих и Филип Колшрајбер.
