Германија

Поранешен болничар призна убиство на повеќе од 100 пациенти

30.10.2018 15:15

Според Обвинителството, главниот мотив на 41-годишниот Нилс Хегел бил да се докаже пред колегите со тоа што, по давањето на дозата, се обидувал да ги реанимира пациентите.

Поранешен болничар од Германија призна дека убил над 100 пациенти со фатални дози на лек којшто им го давал преку инјекција.

Според Обвинителството, главниот мотив на 41-годишниот Нилс Хегел бил да се докаже пред колегите со тоа што, по давањето на дозата, се обидувал да ги реанимира пациентите.

Хегел веќе отслужува доживотна затворска казна за убиство на две лица, но неодамна беа поднесени нови обвиненија против него за убиства на 98 повозрасни пациенти.

Поради настаните од 1999-та до 2005-та година, Хегел се смета за најголемиот сериски убиец по Втората светска војна.