Земјоделство

Заврши жетвата на оризот

31.10.2018 12:01

Заврши жетвата на оризовите полиња во Кочанско. Се очекува во просек да се соберат скоро 23.000 тони арпа што е приближно на ланското ниво. Временските услови годинава беа погодни за ова производство, но оризопроизводителите стравуваат дека ќе нема кој да го купи родот...

Жетва на оризот во Кочанско заврши навреме, а од засеаните 2.600 хектари собрани се скоро 15 илјади тони оризова арпа.

Поради добрите временски услови и преполовените површини на кои беше застапена оваа земјоделска култура во споредба со претходните години, придонесоа жетвените активности да се направат за четириесетина дена.

Приносот од хектар во просек е над 5.500 килограми, а на одделни површини земјоделците имаат и рекордни количества со ожнеани повеќе од осум тони арпа.

Оризопроизводителите сега се во исчекување колкави количества бел ориз ќе се добијат по лупењето, бидејќи има најави дека овој сооднос ќе биде повисок во споредба со минатите години.

Во моментот откупните претпријатија за килограм арпа плаќаат од 13 до 15 денари во зависност од сортата, но предадените количества се мали зашто најголем дел од земјоделците арпата ја складираа во домашните амбари и чекаат подобри откупни цени.

 

Методија Трајков